
регуларни интервали се додека водата
не се исцеди.
Постапете на следниов начин за да ја
испуштите водата:
1. Завртете го програматорот на O.
2. Одберете програма за испуштање
водата или за центрифугирање.
3. Доколку е потребно, намалете ја
брзината на центрифугирање
притискајќи го соодветното копче.
4. Повторно притиснете го копчето 8.
На крајот на програмата,
вратата се
ослободува и може да се отвори.
Свртете го тркалцето на програматорот
на O за да ја исклучите машината
Извадете ги алиштата од барабанот и
внимателно проверете дали барабанот
е празен. Доколку немате намера да
изведувате друго перење, затворете ја
славината. Оставете ја вратата
подотворена за да спречите создавање
на мувла и непријатни миризби.
Подготвеност : штом ќе заврши
програмата, по неколку минути ќе се
вклучи системот за штедење енергија.
Осветленоста на екранот се намалува.
Апаратот ќе излезе од состојбата за
штедење енергија со притискање на кое
било копче.
КОРИСТЕЊЕ - СУШЕЊЕ
САМО СУШЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Препорачаната тежина на полнењето
изнесува 3 kg, за памучни и ленени
алишта, и 2 kg, за синтетички алишта.
Со притискање на копчето за
траење на сушењето може да
сушите и до 4 kg памучни алишта
(погледнете во табелата „Програма
за сушење“).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Славината за вода мора да биде
отворена, а одводното црево
поставено во мијалникот или
приклучено на одводна цевка.
1. Полнење алишта.
2. За да добиете најдобри резултати
на сушење, изберете циклус на
центрифугирање со максималната
брзина дозволена за типот на
алиштата.
3. Во одделот за сушење, на бирачот
на програми, изберете ја
програмата за сушење за
памук или
синтетика.
4. Ако сакате да одберете темпирано
сушење, притискајте го копчето 5 сè
додека на екранот не се појави
саканото време (погледнете ја
табелата „Програма за сушење“).
Со секое притискање на ова копче,
траењето на сушењето се
зголемува за 5 минути.
Забелешка!
Траењето на програмата
автоматски ќе се зголеми за
неколку минути.
5. Повторно
притиснете го копчето 8
за да почнете со програмата.
Откако програмата ќе почне,
преостанатото време се ажурира
секоја минута.
Забелешка!
Различните видови памучни
предмети (пешкири, чаршафи,
кошули и така натака) или
замотувањето на алиштата во текот
на фазата на центрифугирање,
можат да предизвикаат
нерамномерно сушење. Така, во
исклучителни случаи, при кои на
крајот од циклусот
алиштата
остануваат по малку влажни,
предлагаме да ги исправите
замотаните предмети, рамномерно
да ги распоредите алиштата во
барабанот и да изберете
дополнителен циклус на сушење од
20-30 минути.
22 electrolux
Komentarze do niniejszej Instrukcji