
• Никогаш не сушете предмети, кои
биле во допир со хемикалии, како
средство за хемиско чистење. Тие се
испарливи и може да предизвикаат
експлозија. Сушете само предмети,
кои се перени во вода или на кои им
треба проветрување.
• Пластичните дозери за детергент не
треба да останат во барабанот за
време на сушењето, бидејќи
користената пластика не е отпорна на
топлината. Ако сакате да перете-и-да-
сушите, треба да ја користите
вообичаената фиока на дозерот за
детергент.
• Никогаш не влечете го кабелот за да
го извлечете штекерот од
приклучницата; секогаш фаќајте го
самиот штекер.
• Никогаш не користете го новиот уред
ако кабелот за струја, контролната
табла, работната површина или
основата се оштетени на начин, кој
овозможува слободен пристап во
внатрешноста на уредот.
Безбедност на децата
• Овој уред не е наменет да го користат
лица (вклучувајќи ги и децата) со
намалени физички, сензорски или
ментални способности, или лица без
искуство и знаење, освен ако немаат
надзор и упатување во користење на
уредот од страна на лицето, кое е
одговорно за нивната безбедност.
• Компонентите од амбалажата (на пр.
пластична фолија, стиропор) може да
бидат опасни за децата - опасност од
задушување! Чувајте ги надвор од
дофатот на децата.
• Чувајте ги сите детергенти на
безбедно место, надвор од дофат на
децата.
• Уверете се дека децата или
миленичињата нема да се качат во
барабанот. За да спречите децата и
миленичињата да се затворат во
барабанот, машината е опремена со
специјален додаток. За да го
активирате овој уред, вртете го
копчето (без притискање) во
внатрешноста на машината во десно,
додека жлебот не стои хоризонтално.
Ако е потребно, употребете паричка.
За да го дезактивирате овој уред, и да
ја вратите можноста за заклучување
на вратата, вртете го копчето (без
притискање) во внатрешноста на
машината во лево, додека жлебот не
стои вертикално.
Опис на производот
Вашиот нов уред ги задоволува сите современи барања за ефикасен третман
на алиштата со мала потрошувачка на вода, струја и детергент. Неговиот систем
за перење овозможува целосно искористување на детергентот и ја намалува
потрошувачката на вода, со што штеди струја.
4 electrolux
Komentarze do niniejszej Instrukcji