Electrolux EWX14550W Instrukcja Użytkownika Strona 21

  • Pobierz
  • Dodaj do moich podręczników
  • Drukuj
  • Strona
    / 36
  • Spis treści
  • BOOKMARKI
  • Oceniono. / 5. Na podstawie oceny klientów
Przeglądanie stron 20
Во согласност со Директивата на ЕЗ EN
50229 референтната програма за памук,
за податоците внесени во Енергетската
табела, мора да биде тестирана со
поделба на максималното полнење на
два еднакви дела и нивно одделно
сушење со ТРАЕЊЕ НА СУШЕЊЕТО.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да
изведувате какви било работи на
одржување или чистење, уредот
мора да го исклучите од струја.
Отстранување бигор
Водата што ја користиме обично содржи
бигор. Препорачливо е, во машината
повремено да користите прав за
омекнување на водата. Правете го ова
посебно од перењето на алиштата и
според упатствата на производителот на
омекнувачот на водата. Тоа ќе помогне
во спречување на таложење на бигорот.
По секое перење
Оставете ја вратата отворена некое
време. Ова помага во уредот да се
спречи создавање на миризба на мувла
и на застоено. Со тоа што ќе ја оставате
вратата отворена по перењето ќе го
сочувате и дихтунгот.
Перење за одржување
Со користење на перења со ниски
температури, можно е да дојде до
таложење на остатоци во внатрешноста
на барабанот.
Препорачуваме редовно да изведувате
перење за одржување.
За да изведете перење за одржување:
во барабанот не треба да има алишта.
изберете ја најжешката програма за
перење памучни алишта.
употребете вообичаена количина
детергент, кој мора да биде во прав и
да има биолошки својства.
Чистење однадвор
Чистете го надворешниот дел од
куќиштето на уредот само со сапуница, а
потоа исушете го темелно.
ВАЖНО Немојте за чистење на
кабинетот да користете метилирани
алкохоли, растворувачи или слични
производи.
Чистење на фиоката на дозерот
Фиоката на дозерот за детергент треба
да се чисти редовно.
1. Извадете ја фиоката на дозерот за
детергент извлекувајќи ја цврсто.
Отстранете ги сите трагови од
наталожениот прашак. За полесно
чистење, горниот дел од преградата
за адитиви треба да се извади.
2. Извадете ја влошката за омекнувач
од средната преграда.
3. Измијте ги сите делови со вода.
electrolux 21
Przeglądanie stron 20
1 2 ... 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 ... 35 36

Komentarze do niniejszej Instrukcji

Brak uwag