
• Пред да го поврзете апаратот со нови
цевки или цевки што не биле користени
подолго време, водата нека тече додека не
започне да тече чиста вода.
• Кога за прв пат го користите апаратот,
проверете дали од некаде протекува.
2.2 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди, струен удар,
пожар, изгореници или оштетување
на апаратот.
• Користете го апаратот само во домашни
услови.
• Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
• Следете ги безбедносните упатства дадени
на пакувањето на детергентот.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до, или на апаратот.
• Не допирајте го стаклото на вратата
додека програмата е во функција. Стаклото
може да биде жешко.
• Погрижете се да ги тргнете сите метални
предмети од алиштата за перење.
• Не ставајте сад за да собирате вода што
можеби протекува од апаратот. Јавете се
во сервисот за да проверите кои помагала
може да се користат во ваков случај.
2.3 Грижа и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или оштетување на
апаратот.
• Пред одржување, деактивирајте го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Не користете воден спреј и пареа за
чистење на апаратот.
• Чистете го апаратот со мека, влажна крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунѓери за чистење, растворувачи или
метални предмети.
2.4 Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или задушување.
• Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
• Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата за да
спречите затворање на деца и миленичиња
во апаратот.
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
1 2 3
5
6
7
4
1
Работна површина
2
Дозер за детергент
3
Контролна табла
4
Рачка на вратата
5
Плочка со спецификации
6
Филтер на одводната пумпа
7
Ногалки за нивелирање на апаратот
3.1 Прибор за плочата за
зацврстување (4055171146)
Достапно кај вашиот овластен продавач.
Доколку го поставувате апаратот на цокле,
зацврстете го апаратот на плочите за
зацврстување.
Прочитајте го внимателно даденото упатство
со приборот.
МАКЕДОНСКИ 5
Komentarze do niniejszej Instrukcji