Electrolux EWF12270W Instrukcja Użytkownika Strona 34

  • Pobierz
  • Dodaj do moich podręczników
  • Drukuj
  • Strona
    / 52
  • Spis treści
  • BOOKMARKI
  • Oceniono. / 5. Na podstawie oceny klientów
Przeglądanie stron 33
Менување опција или пуштање
програма
Менувањето на некоја опција е можно
пред програмата да ја изврши.
Пред да направите каква било промена,
мора да го ПАУЗИРАТЕ апаратот со
притискање на копчето 6 .
Менувањето на програма, која е во тек,
е можно само ресетирање на
програмата. Завртете го бирачот на
програми на
па потоа на положбата на
новата програма. Почнете ја новата
програма со повторно притискање на
копчето 6 . Водата за перење во кадата
нема да се испразни.
Прекинување програма
Притиснете го копчето 6 за да прекинете
програма во тек, соодветната зелена
сијалица почнува да трепка.
Повторно притиснете го копчето за
одново да ја почнете програмата.
Откажување програма
Свртете го тркалцето на програматорот
на
за да ја откажете пуштената
програма.
Сега можете да изберете нова програма.
Отворање на вратата
Откако програмата ќе почне (или во
текот на одложеното време) вратата е
заклучена, а ако сакате да ја отворите,
прво ставете ја машината на ПАУЗА со
притискање на копчето 6 . По неколку
минути контролната сијалица 8.2 се гаси
и вратата може да се отвори.
Ако контролната сијалица остане
запалена и ако вратата заклучена, тоа
значи дека машината веќе се загрева
или дека нивото на водата е превисоко.
Како и да е, не обидувајте се да ја
отворите вратата на сила!
Ако не можете да ја отворите вратата, а
ви треба да ја отворите, ќе мора да ја
исклучите машината со вртење на
програматорот на
. По неколку минути
вратата може да се отвори (обратете
внимание на нивото и температурата на
водата!) .
Откако ќе ја затворите вратата, одново
ќе треба да ги поставите програмата и
другите опции и да го притиснете
копчето 6 .
Кога програмата ќе заврши
Машината запира автоматски.
Контролната сијалица од копчето
6 ,контролните сијалици 8.1 се гасат и по
неколку минути се гаси и контролната
сијалица 8.2 . Контролната сијалица 8.3
се пали.
Ако sе одбранi програма или опција што
завршуваат со вода во кадата,
сијалицата 8.2 останува запалена и
вратата е заклучена како показател дека
водата мора да се испушти пред да се
отвори вратата.
Постапете на следниов начин за да ја
исцрпите водата:
1.
Завртете го програматорот на
.
2. Изберете ја програмата цедење или
центрифугирање.
3. Доколку е потребно, намалете ја
брзината на центрифугирање, со
помош на соодветното копче.
4. Притиснете го копчето 6 .
Кога на крајот од програмата ќе се гаси
контролната сијалица 8.2 , тоа значи
дека вратата сега може да се отвори.
Завртете го програматорот на
за да ја
исклучите машината.
Извадете ги алиштата од барабанот и
внимателно проверете дали барабанот
е празен. Доколку немате намера да
изведувате друго перење, затворете ја
славината. Оставете ја вратата
подотворена за да спречите создавање
на мувла и непријатни миризби.
Подготвеност : штом ќе заврши
програмата, по неколку минути ќе се
вклучи системот за штедење енергија.
Осветленоста на екранот се намалува.
Апаратот ќе излезе од состојбата за
штедење енергија со притискање на кое
било копче.
Помошни напомени и совети
Сортирање на алиштата
Следете ги шифрираните симболи за
перење на секој дел од облеката и
упатствата на производителот за
перење. Сортирајте ги алиштата на
34 electrolux
Przeglądanie stron 33
1 2 ... 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 ... 51 52

Komentarze do niniejszej Instrukcji

Brak uwag