
4. Вклучете ја најкратката програма со фаза
за плакнење, без детергент и без садови.
5. Поставете го омекнувачот на вода според
тврдоста на водата во вашата област.
6. Поставете ја истечената количина на
средството за плакнење.
7.3 Поставување и стартување на
програма
Функција Reset
За некои поставки, апаратот треба да е
поставен во кориснички режим.
Апаратот е во кориснички режим кога сите
показатели на програми се вклучени, а
показното светло за крај трепка.
За да го поставите апаратот во кориснички
режим, извршете ја функцијата Reset.
1. Притиснете и задржете го копчето
Program сé додека не се вклучат сите
показатели на програми и не започне да
трепка показателот за крај.
Започнување програма без
одложен почеток
1. Отворете ја славината за вода.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
3. Притискајте го Program повеќе пати сé
додека не се запали показателот на
програмата што сакате да ја поставите.
4. Затворете ја вратата на апаратот.
Програмата започнува.
Започнување програма со одложен
почеток
1. Поставете ја програмата.
2. Притиснете го Delay за одложен почеток
на програмата од 3 часа.
• Показателот Delay се вклучува.
3. Затворете ја вратата на апаратот.
Одбројувањето започнува.
• Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата започнува.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата, апаратот запира.
Кога ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Извршете ја функцијата Reset.
Кога ќе го откажете одложениот
почеток, морате одново да ја
поставите програмата.
Откажување на програмата
Извршете ја функцијата Reset.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да
започнете нова програма.
На крај на програмата
Кога ќе заврши програмата, се вклучува
показателот за крај на програмата.
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го исклучите апаратот.
2. Затворете ја славината за вода.
Внимание
• Оставете ги садовите да се изладат пред
да ги извадите од апаратот. Жешките
садови лесно се оштетуваат.
• Прво испразнете ја долната корпа, а потоа
горната.
• Може да има вода на страните и на
вратата на апаратот. Не’рѓосувачкиот
челик се лади побрзо од садовите.
МАКЕДОНСКИ 11
Komentarze do niniejszej Instrukcji