• Заостанатата мрснотија или храна во
апаратот може да предизвика пожар.
• Исчистете го апаратот со навлажнета мека
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
средства, сунѓери со жица, растворувачи
или метални предмети.
• Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните инструкции
на пакувањето.
• Не чистете го каталитичкиот емајл (доколку
има) со никаков тип на детергент.
Пиролитичко чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда / Пожари / Хемиски
емисии (Испарувања) во режим на
чистење со пиролиза.
• Пред да ја спроведете функцијата само-
чистење со пиролиза или пред Употреба на
апаратот, од внатрешноста на печката
извадете ги следните работи:
– вишок на остатоци од храна, масло или
истурени маснотии / наслаги.
– Сите предмети што можат да се извадат
(вклучително решетките, страничните
шини итн., обезбедени со производот),
особено нелепливите тенџериња,
тавите, тацните, приборот итн.
• Внимателно прочитајте ги упатствата за
пиролитичкото чистење.
• Чувајте ги децата подалеку од апаратот
додека се врши чистење со пиролиза.
Апаратот станува многу жежок и се
испушта жежок воздух од предните
вентилатори за ладење.
• Чистењето со пиролиза е операција на
висока температура што може да ослободи
испарувања од остатоците од готвењето и
материјалите на садовите, и затоа на
купувачите им се препорачува следново:
– Да се обезбеди добро проветрување за
време и по првата употреба на
максимална температура за работа.
– Да се обезбеди добро проветрување за
време и после секое чистење со
пиролиза.
• За разлика од луѓето, некои птици и
влекачи може да бидат крајно
чувствителни на потенцијалните
испарувања што се испуштаат за време на
чистењето на сите Пиролитички печки.
– Отстранете ги сите миленичиња
(посебно птици) од близината на
местото на апаратот за време и после
чистење со пиролиза и на почеток
пуштете го да работи на максимална
температура во добро проветрена
просторија.
• Малите домашни миленици може да бидат
исто така многу осетливи на локалните
температурни разлики во близината на
Пиролитичките печки.
• Нелепливите површини на тенџерињата,
тавите, тацните, приборот и сл. може да се
оштетат од чистење со пиролиза со висока
температура на сите Пиролитички печки и
може да биде и извор на испарувања со
мала штетност.
• Испарувањата испуштени од сите
пиролитички рерни / остатоци од готвењето
се опишани како безопасни за луѓето,
вклучувајќи ги бебињата или болните
личности.
2.4 Внатрешно светло
• Типот на светилката или на халогената
лампа која се користи за овој апарат е само
за употреба во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар.
• Пред да ја замените светилката, исклучете
го апаратот од напојувањето.
• Користете само светилки со истите
спецификации.
2.5 Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или задушување.
• Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
• Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата за да
спречите затворање на деца и миленичиња
во апаратот.
6
www.electrolux.com
Komentarze do niniejszej Instrukcji