
повлечете ја од апаратот под
нагорен агол.
5. Положете ја вратата со
надворешната страна надолу врз
мека крпа на стабилна површина.
Тоа е за да се спречат гребнатини.
6. Држете ја декорацијата на вратата
(В) на горниот раб на вратата од
двете страни и притиснете ја
навнатре за да ја ослободите
спојката за запечатување.
7. Повлечете ја декорацијата на
вратата напред и извадете ја.
8. Држете ги стаклените плочи на
вратата на горниот раб една по
една и повлечете ги нагоре надвор
од водилката.
9. Исчистете ја стаклената плоча со
сапуница. Внимателно избришете
ја стаклената плоча.
Кога чистењето е завршено,
повторете ги горенаведените чекори
по обратен редослед. Помалата плоча
треба да се намести прва, а потоа
поголемата и вратата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Проверете дали стаклата
се поставени во правилна
положба, ако не
површината на вратата
може да се презагрее.
12.11 Замена на светилката
Ставете крпче на долниот дел од
внатрешноста на апаратот. Со тоа се
спречува оштетување на капачето на
светилката и на внатрешноста.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар!
Исклучете го осигурувачот
пред замена на
светилката.
Светилката и стакленото
капаче за светилката може
да бидат жешки.
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ги осигурувачите од
кутијата или исклучете го
прекинувачот на струјното коло.
Горна светилка
1. Свртете го стакленото капаче на
светилката налево за да го
отстраните.
2. Извадете го металниот прстен и
исчистете го стаклениот капак.
3. Заменете ја светилката со
соодветна светилка отпорна на
топлина до 300°C.
4. Наместете го металниот прстен на
стаклениот капак.
5. Монтирајте го стакленото капаче.
Странично светло
1. Извадете го левиот држач на
решетката за да пристапите до
светлото.
2. За вадење на капачето,
употребете штрафцигер Torx 20.
3. Извадете ги и исчистете ги
металната рамка и дихтунгот.
4. Заменете го светлото со
соодветно светло отпорно на
топлина до 300°C.
МАКЕДОНСКИ 57
Komentarze do niniejszej Instrukcji