Electrolux ENN2900AOW Instrukcja Użytkownika Strona 55

  • Pobierz
  • Dodaj do moich podręczników
  • Drukuj
  • Strona
    / 96
  • Spis treści
  • BOOKMARKI
  • Oceniono. / 5. Na podstawie oceny klientów
Przeglądanie stron 54
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
Пред првото користење на апаратот, измијте
ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци
со млака вода и неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно исушете ги.
Не користете детергенти или груби
прашоци, тие можат да ја оштетат
политурата.
СМРЗНУВАЊЕ СВЕЖА ХРАНА
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување смрзната
и длабоко-смрзната храна подолго време.
За да смрзнувате свежа храна не е неопходно
да ја менувате средната поставка.
Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете го
регулаторот на температурата кон
поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Во овие услови, температурата на
комората на фрижидерот може да
падне под 0°C. Ако дојде до тоа,
вратете го регулаторот за
температура на помала поставка.
Ставете ја свежата храна за мрзнење во
горната комора.
ЧУВАЊЕ СМРЗНАТА ХРАНА
По првото вклучување или по извесен период
некористење, пред да ставите производи во
преградата, оставете апаратот да работи
барем 2 часа на најголемата поставка.
Ако треба да се чуваат поголеми количества
храна, извадете ги сите фиоки и корпи од
апаратот и ставете ја храната на полици за
ладење за да добиете најдобри
перформанси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте храната да не го надмине
граничникот за полнење што се наоѓа
горе отстрана (каде што го има)
Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја,
ако немало струја подолго време
отколку под ставката "време на
одржување" во табелата за технички
карактеристики, одмрзнатата храна
мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да
се смрзне (откако ќе се излади).
ОДМРЗНУВАЊЕ
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред
да се употреби, може да се одмрзне во
преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно за
оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
ПРАВЕЊЕ КОЦКИ МРАЗ
Апаратот е опремен со еден или повеќе
садови за правење коцки мраз. Наполнете ги
садовите со вода, потоа ставете ги во
преградата на замрзнувачот.
Не користете метални алатки за
вадење на садовите од
замрзнувачот.
АКУМУЛАТОРИ НА СТУД
Фрижидерот содржи барем еден акумулатор
на студ што го продолжува времето на
чување во случај на снемување струја или
расипување.
МАКЕДОНСКИ 55
Przeglądanie stron 54
1 2 ... 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 ... 95 96

Komentarze do niniejszej Instrukcji

Brak uwag