Electrolux EHL7640FOK Instrukcja Użytkownika Strona 19

  • Pobierz
  • Dodaj do moich podręczników
  • Drukuj
  • Strona
    / 72
  • Spis treści
  • BOOKMARKI
  • Oceniono. / 5. Na podstawie oceny klientów
Przeglądanie stron 18
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА И
ПОМАЛКУ ВЕШТИТЕ ЛИЦА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од задушување, повреда
или траен инвалидитет.
Не дозволувајте им на лица, вклучително и
деца, со намалено физичко чувство,
намалени ментални функции или
недостаток на искуство и знаење, да го
користат апаратот. Нивното ракување со
апаратот мора да го надгледува или
насочува лице одговорно за нивната
безбедност.
Деца не смеат да играат со апаратот.
Сите материјали за пакување чувајте ги
настрана од дофат на деца.
Ако апаратот има безбедносен уред за
деца, Ви препорачуваме да го активирате.
МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде монтиран
само од квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Никогаш не монтирајте и не користете
оштетен апарат.
Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
Бидете внимателни кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
Залепете ги засечените површини со лепак
за да спречите влагата да предизвика
надигнување.
Заштитете го дното од апаратот од пареа и
влага.
Не го монтирајте апаратот во близина на
врата или под прозорец. На овој начин ќе
спречите некој жежок сад за готвење да
падне од апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над фиоки,
внимавајте просторот помеѓу дното од
апаратот и горната фиока да е доволен за
циркулација на воздух.
Проверете дали просторот за вентилација
од 5 mm помеѓу горната работна површина
и предниот дел од апаратот долу е
слободен. Гаранцијата не покрива штета
која е причинета од немање на адекватен
простор за вентилација.
Температурата на долната страна од
апаратот надминува 95°C. За да избегнете
опасност пристапот под полицата е
ограничен. Ако плотната не е монтирана
над печката Ви препорачуваме да
монтирате незапалива плоча за
одделување под апаратот.
Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар и електричен
шок.
Сите поврзувања со струја мора да бидат
направени од квалификуван електричар.
Пред секое поврзување бидете сигурни
дека терминалот на апаратот не е активен.
Бидете сигурни дека апаратот е точно
инсталиран. Лабави и несоодветни
приклучоци за струја и штекери можат да
го прегреат терминалот.
Бидете сигурни дека е монтирана
заштитата од електричен шок.
Внимавајте каблите да не го допираат
апаратот или пак некој жежок сад за
готвење, кога го поврзувате апаратот со
блиските штекери.
Не оставајте ги каблите да се заплеткаат.
Користете држач за олабавување на
кабелот.
Користете правилен кабел.
Пазете да не ги оштетите приклучокот за
струја и кабелот. Контактирајте го
сервисниот центар или електричар за да го
смените оштетениот кабел.
Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува да
го исклучите апаратот од приклучокот за
МАКЕДОНСКИ 19
Przeglądanie stron 18
1 2 ... 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 ... 71 72

Komentarze do niniejszej Instrukcji

Brak uwag