
• Проверете дали кабелот за струја или
приклучокот (ако е применливо) го допира
топлиот апарат или топлите садови за
готвење кога го поврзувате апаратот со
штекери во близина
• Бидете сигурни дека апаратот е правилно
монтиран. Лабав и несоодветен кабел за
струја или приклучок (ако е применливо)
може да предизвика прегревање на
терминалот.
• Бидете сигурни дека е монтирана
заштитата од струен удар.
• Користете клема за да го ослободите
кабелот од напон.
• Потрудете се да не го оштетите
приклучокот за струја (ако е применливо)
или кабелот за струја. Контактирајте со
сервисот или со електричар за да го
заменат оштетениот кабел за струја.
• Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува да
го исклучите апаратот од приклучокот за
струја од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со ширина од
најмалку 3 mm.
• Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот), заземјување
и контактори.
2.2 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од повреда,
изгореници или струен удар.
• Користете го апаратот само во домашни
услови.
• Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
• Не управувајте со апаратот со надворешен
тајмер или со посебен систем за
далечинско управување.
• Не оставајте го апаратот без надгледување
додека работи.
• Не ракувајте со апаратот со влажни раце
или кога тој има контакт со вода.
• Не ставајте прибор за јадење или капаци
од тенџериња на ринглите. Тие може да
станат жешки.
• Поставувајте ја ринглата на
„исклучено“ („off“) по секоја употреба. Не
потпирајте се на детекторот за тенџериња.
• Не употребувајте го апаратот како работна
површина или како простор за складирање.
• Ако на површината има пукнатина,
исклучете го напојувањето со струја за да
спречите струен удар.
• Корисниците со пејсмејкер мора да се
држат на растојание од минимум 30 см од
индуктивните рингли кога апаратот работи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар или експлозија.
• При загревање, маснотиите и маслото
можат да испуштаат запаливи пареи.
Држете го огнот или загреаните предмети
подалеку од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
• Пареата што ја испушта маслото коешто е
многу жешко може да предизвика спонтано
запалување.
• Искористеното масло, што може да содржи
остатоци од храна, може да предизвика
пожар на пониска температура од маслото
што се користи за прв пат.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до, или на апаратот.
• Не обидувајте се да го изгаснете огнот со
вода. Исклучете го апаратот и покријте го
огнот со капак или со ќебе за пожар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
• Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
• Не оставајте ги садовите за готвење да
вријат на суво.
• Внимавајте предметите или садовите за
готвење да не паднат на апаратот. Може
да се оштети површината.
• Не вклучувајте ги ринглите со празни
садови за готвење или без садови за
готвење.
• Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот.
• Приборот за готвење направен од лиено
железо, алуминиум или со оштетено дно
може да предизвика гребнатини на стакло-
керамиката. Секогаш кревајте ги овие
предмети кога треба да ги преместувате на
површината за готвење.
МАКЕДОНСКИ 39
Komentarze do niniejszej Instrukcji