правоаголник и потоа завиткајте ги
парчињата тесто. Направете плетенка
од трите парчиња тесто. Премачкајте
ја површината на плетенката со
мешавина од жолчка и млеко и потоа
попрскајте со снегулките од бадеми.
• Време во апаратот (мин): 55
• Ниво на решетка: 3
9. ЗЕЛЕНЧУК
9.1 Зеленчук на
медитерански начин:
За 2-4 лица.
Состојки:
• 200 g тиквички
• 1 црвена пиперка
• 1 зелена пиперка
• 1 жолта пиперка
• 100 g печурки
• 2 главички кромид
• 150 g шери домати
• зелени и црни маслинки
Метод:
Измијте го и исечкајте го зеленчукот
на парченца. Излупете го кромидот и
исечете го на ленти. Ставете го
зеленчукот во стаклен сад. Ставете го
садот во апаратот. Исечете ги
маслинките на резанки. По готвењето,
зачинете го зеленчукот со сол, црн
пипер, босилок и оригано според вкус.
• Време во апаратот (мин): 30
• Ниво на решетка: 3
9.2 Зеленчук на
традиционален начин:
За 2-4 лица.
Состојки / Метод:
Ставете ги заедно следниве
зеленчуци според вкус, околу 750 g
вкупно.
• келераба, излупена и исечена на
ленти
• моркови, излупени и исечени на
коцки
• карфиол, измиен и поделен на
цветови
• кромид, измиен и исечен на
резанки
• анасон, излупен и исечен на
резанки
• целер, исчистен и исечен на коцки
• праз, исчистен и исечен на резанки
По готвењето:
• 50 g путер
• ако сакате, црн пипер и сол
• Време во апаратот (мин): 35
• Ниво на решетка: 3
10. КРЕМОВИ И ТЕРИНИ
10.1 Кокосов пудинг:
За 4 лица.
Состојки:
• 250 ml млеко
• 370 g кокосово млеко
• 6 јајца
• 120 g шеќер
• 1 конзерва манго, исцедено и
испасирано
Друго:
• 6 чиничиња за пудинг
Метод:
Измешајте ги млекото и кокосовото
млеко. Изматете ги малку јајцата и
шеќерот и додајте ги во кокосовото
млеко. Наполнете ги чиничињата за
пудинг со мешавината. По готвењето,
превртете ги и украсете ги со манго.
• Време во апаратот (мин): 40
• Ниво на решетка: 3
МАКЕДОНСКИ 25
Komentarze do niniejszej Instrukcji