Друго:
• Тркалезен плех со пречник 28 cm
со брановидни страни, подмачкан
Метод:
Просејте го брашното во сад за
матење и во него додадете сол и
путер исечен на мали парчиња. Потоа
додајте ги јајцата, шеќерот и
студената вода и замесете тесто.
Ладете го тестото 2 часа во
фрижидер. Расукајте го изладеното
тесто и ставете го во подмачканиот
плех и избодете го со вилушка.
Исчистете го овошјето, отстранете ги
семките и лушпите и наредете го во
мали парчиња врз тестото. Ставете ги
мелените бадеми, јајцата, шеќерот и
смекнатиот путер во сад за матење и
изматете ги заедно. Потоа смесата
ставете ја врз овошјето и израмнете.
• Време во апаратот: 50 минути
• Ниво на решетка: 1
7. ДЕСЕРТИ
7.1 Колач со карамел
Состојки за мешавината:
• 100 g шекер
• 100 ml вода
• 500 ml млеко
• 1 стапче ванила
• 100 g шекер
• 2 јајца
• 4 жолчки
Друго:
• 6 чиничиња за суфле
Метод:
Ставете 100 g шекер во тенџере и
топете го додека не добиете светло
кафеав карамел. Потоа внимателно
додајте вода (внимавајте - постои
опасност од изгореници) и загревајте
додека да зоврие. Варете до сируп и
веднаш истурете го во 6 чиничиња за
суфле, дното да биде прекриено со
карамел. Ставете го млекото во тава,
пресечете го стапчето ванила и со нож
исчистете го семето и додајте ги во
млекото. Загрејте го млекото на 90 °C.
(Да не зоврие) Изматете ги јајцата и
жолчките со 100 g шекер. (Не правете
крем) Полека додавајте млеко во
мешавината од јајца и шекер. Потоа
ставете во чиничињата.
• Време во апаратот: 40 минути
• Ниво на решетка: 3
• Додаjте 500 ml вода во фиоката за
вода
7.2 Кокосов пудинг
Состојки:
• 250 ml млеко
• 370 g кокосово млеко
• 6 јајца
• 120 g шекер
• 1 конзерва манго, исцедено и
испасирано
Друго:
• 6 чиничиња за пудинг
Метод:
Измешајте ги млекото и кокосовото
млеко. Изматете ги малку јајцата и
шекерот и додајте ги во кокосовото
млеко. Наполнете ги чиничињата за
пудинг со мешавината. По готвењето,
превртете ги и украсете ги со манго.
• Време во апаратот: 40 минути
• Ниво на решетка: 3
• Додаjте 500 ml вода во фиоката за
вода
7.3 Капучино торта
За мешавината:
• 100 g омекнат путер
• 90 g шекер
• 2 жолчки
• семки од едно стапче ванила
• 2 супени лажици инстант кафе
(растворено во 50 ml жешка вода)
• 2 белки
• 50 g брашно
• 50 g пченкарно брашно
• 1 / 2 лажичка прашок за печиво
МАКЕДОНСКИ 19
Komentarze do niniejszej Instrukcji