
Проблем Можно решение
Апаратот не испушта
вода.
• Проверете дали е затната одводниот сливник.
• Проверете да не е засукано или свиткано одводното
црево.
• Проверете дали одводното црево е правилно
поврзано.
• Поставете ја опцијата за цедење доколку
поставувате програма без фаза на цедење.
• Поставете ја опцијата за цедење доколку
поставувате опција што завршува со вода во
барабанот.
• Проверете да не е затнат одводниот филтер.
Исчистете го филтерот доколку е потребно.
Погледнете во „Нега и чистење“.
• Ако повторно се појави проблемот, контактирајте со
Овластен сервисен центар.
Фазата на центрифуга
не работи или
циклусот на перење
трае подолго од
вообичаено.
• Поставете ја опцијата за центрифугирање.
• Поставете ја опцијата за цедење доколку
поставувате опција што завршува со вода во
барабанот.
• Проверете да не е затнат одводниот филтер.
Исчистете го филтерот доколку е потребно.
Погледнете во „Нега и чистење“.
• Распоредете ги рачно алиштата во барабанот и
повторно пуштете ја фазата на центрифугирање.
Овој проблем може да е предизвикан од проблеми
со рамнотежата.
На подот има вода.
• Проверете дали спојките на цревата за вода се
стегнати и дали протекува вода.
• Погрижете се цревото за довод на вода и цревото за
одвод на вода да не е оштетено.
• Проверете дали користите соодветен детергент и
соодветна количина од него.
Не можете да ја
отворите вратата на
апаратот.
• Проверете дали е завршена програмата за перење.
• Поставете ја опцијата за цедење или за
центрифугирање доколку има вода во барабанот.
• Направте ја процедурата за итно цедење. Видете во
„Мерки за заштита од замрзнување“ (во поглавјето
„Нега и чистење“).
• Проверете дали апаратот прима струја.
• Овој проблем можеби е предизвикан од дефект на
апаратот. Стапете во контакт со Овластен сервисен
центар.
МАКЕДОНСКИ 59
Komentarze do niniejszej Instrukcji