
започнува со одбројување. Вратата е
заклучена.
7.4 Почеток/Пауза
Допрете го копчето Почеток/Пауза
за вклучување, паузирање на
апаратот или прекинување на
програмата во тек.
7.5 Предперење
Со оваа опција можете да додадете
фаза на предперење кон програмата
за перење.
Соодветното показно светло светнува.
• Оваа функција користете ја за да
додадете фаза на претперење на
30 °C пред фазата на перење.
Оваа опција се препорачува за
многу извалкани алишта, особено
ако содржат песок, прашина, кал и
други тврди честички.
Оваа опција може да го
продолжи времетраењето
на програмата.
7.6 Центрифуга
Кога ќе поставите програма, апаратот
автоматски ја поставува максималната
дозволена брзина на центрифугата
освен програмата Denim.
Притиснете на копчето за да ги
поставите дополнителните опции за
центрифуга:
• Намалете ја брзината на
центрифугата.Екранот ја
прикажува само брзината на
центрифугата достапна за
поставената програма.
• На екранот се појавува Без
центрифуга .
Поставете ја оваа опција за да ги
откажете сите фази на
центрифугирање. Апаратот ја
пушта само фазата на цедење на
одбраната програма за миење.
Поставете ја оваа опција само за
многу чувствителни ткаенини.
Фазата на плакнење користи повеќе
вода кај некои програми за перење
• Запирање на плакнењето . Се
пали соодветното показно светло.
Крајната центрифуга е откажана.
Водата од последното плакнење не
се цеди за да се спречи туткање на
ткаенините. Програмата за перење
запира со вода во барабанот.
Вратата останува заклучена и
барабанот постојано врти за да го
намали туткањето. Морате да ја
исцедите водата за да ја отклучите
вратата.
Ако сте го допреле копчето
Почеток/Пауза , апаратот ја
пушта фазата на центрифуга и ја
цеди водата.
• Ноќе . Се пали соодветниот
показател.
Центрифугите меѓу фази и
завршните центрифуги се откажани
и програмата завршува со вода во
барабанот. Ова помага да се
намали туткањето. Вратата
останува заклучена. Барабанот
постојано врти за да го намали
туткањето. Морате да ја исцедите
водата за да ја отклучите вратата.
Бидејќи програмата е многу тивка,
погодна е за употреба навечер кога
има евтина тарифа на
електричната струја. Кај некои
програми плакнењата се вршат со
повеќе вода.
Ако го допрете копчето Почеток/
Пауза , апаратот ја пушта само
фазата на цедење.
Апаратот ја празни водата
автоматски по околу 18
часа.
7.7 Температура
Кога избирате програма за перење,
апаратот автоматски предлага
стандардна температура.
Допрете го ова копче повеќе пати
додека на екранот не се појави
вредноста на саканата температура.
Кога екранот ќе ги покаже показните
светла
, апаратот не ја загрева
водата.
www.electrolux.com14
Komentarze do niniejszej Instrukcji