64 www.electrolux.com
5.1 Нормални работни звуци
• Кога разладното средство се пумпа
низ намотките или цевките, може да
се слуша звук на тивко гргорење и
клокотење. Тоа е нормално.
• Кога компресорот е вклучен,
средството за ладење се пумпа
низ системот и од него ќе слушате
звуци на шумење и тропање. Тоа е
нормално.
• Термичката дилатација може да
предизвика ненадејни звуци на
пукање. Тоа е природен, безопасен
физички феномен. Тоа е нормално.
5.2 Совети за штедење
енергија
• Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.
5.3 Совети за ладење свежа
храна
За да добиете најдобри перформанси:
• Не ставајте топла храна или течности
што испаруваат во фрижидерот.
• Покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус.
5.4 Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови): виткајте го во
пластични ќесички и ставајте го на
стаклената полица над фиоката за
зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин
само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења итн: тие
треба да се покриени и може да се
стават на која било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво
измиени и ставени во специјалните
фиоки за нив.
Путер и сирење: тие треба да се чуваат
во посебни херметички садови или
завиткани во алуминиумска фолија
или пластични ќесички за да се спречи
допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат
капаче и да се ставаат на држачот за
шишиња на вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот,
ако не се спакувани, не смеат да се
чуваат во фрижидер.
5.5 Совети за замрзнување
За најдобро користење на процесот на
замрзнување, еве неколку важни совети:
• Максималната количина на храна
којашто може да биде замрзната
во рок од 24 часа е прикажана на
плочката со спецификации.
• Смрзнувањето трае 24 часа. Не треба
да се додава храна за смрзнување во
тој период.
• Смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна.
• Поделете ја храната во мали
порции за да може брзо и целосно
да се смрзне и за да овозможите
одмрзнување само на потребните
количества.
• Завиткајте ја храната во
алуминиумска или пластична фолија
за да се осигурате дека пакувањата не
испуштаат воздух.
• Не дозволувајте свежата, несмрзната
храна да ја допира храната што е веќе
смрзната, за да не ја загреете втората.
• Посната храна се чува подобро
и подолго од мрсната; солта го
намалува рокот на чување на
замрзнатата храна.
• Течности кои се замрзнати ако се
конзумираат веднаш по вадењето од
преградата на замрзнувачот, може да
предизвикаат смрзнатици на кожата.
• Препорачливо е да се запише датумот
на смрзнување на секое пакување
за да можете да водите сметка за
времето на смрзнатост.
5. Помошни напомени и совети
Komentarze do niniejszej Instrukcji