• Содржината на шишињата за бебиња и теглите со бебешка
храна треба да се промеша или протресе, а пред хранењето
треба да се провери температурата за да се избегнат
изгореници.
• Јајца во нивната лушпа и цели тврдо варени јајца не смеат
да се загреваат во апаратот бидејќи можат да експлодираат,
дури и по завршувањето на загревањето со микробранови.
• Апаратот треба редовно да се чисти и да се отстрануваат
сите остатоци од храна.
• Доколку апаратот не се одржува чист, може да дојде до
оштетување на површината, што пак негативно ќе влијае
врз работниот век на апаратот и може да резултира со
опасни ситуации.
• Температурата на достапните површини може да е висока
кога работи апаратот.
• Микробрановата печка не треба да биде ставена во плакар
освен ако истата не била тестирана во плакар.
• Задниот дел од апаратот треба да биде поставен наспроти
ѕид.
• Внимавајте на минималните димензии на плакарот (ако е
применливо). Видете во поглавјето за монтажа.
• Кога се ракува со апаратот украсната врата мора да биде
отворена (ако е применливо).
• Не користете силно абразивни средства или остри метални
стругалки за да го чистите стаклото на вратата бидејќи тоа
може да предизвика прскање на стаклото.
• Доколку кабелот за напојување се оштети, треба да се
замени од страна на производителот, овластен сервисен
претставник или слично квалификувани лица за да се
избегне опасност.
МАКЕДОНСКИ 5
Komentarze do niniejszej Instrukcji